Македонија
1. March 2017 - 18:13

Иванов: Може да биде оспорена одлуката донесена без почитување на роковите

Мојата одлука за доделување на мандат без запазување на рокот од 10 дена даден во член 90 може да биде оспорена, истакна Претседателот Ѓорѓе Иванов во денешното обраќање.
 
– Препорачав да се држиме до воспоставената практика од 1992 година, кога и во трите обиди за формирање Влада се почитувани уставно утврдените рокови од 10 дена. Ме информираа дека СДСМ останува на ставот дека роковите во Уставот и воспоставената практика од 1992 година не се пречка за доделување на мандатот и бараа доделувањето на мандатот да биде веднаш, рече претседателот Иванов.