Македонија
9. November 2017 - 16:23

Иванов: Македонија има метафоричка покана за НАТО

Армијата на Македонија е најпроверуваната армија во историјата на НАТО, тоа е причината поради која успешно македонските војници ја заштија и територијата на државата, но и Европа во најголемата досега мигрантска криза им порача претседателот Иванов на генералите учесници на 21 -та конференција на јадранската повелба која се одржува во Скопје. Иванов изрази очекување дека алијанста ќе остане доследна на својот проект.

Претседателот мигрантската криза ја посочи како најголема потврда дека само заеднички може да се решаваат проблемите. Денеска вели тој Европа се соочува со  безбедносните ризици поврзани повторно со оваа криза и повратниците од боиштата на блискиот исток. 15% од борците на ИСИЛ биле од земјите од Европа или вкупно 5.600. Од Балканот во Сирија и Ирак заминале 960, а од Македонија вкупно 154. Иванов  вели дека во земјава најголемиот дел како терористи се вратиле 80. 33 се уште војуваат во редовите на ИСИС, а 8 според проценките на безбедносните служби се дел од Ал Нусра.

Покрај началниците на генерал штабовите на Хрватска, Албанија, БиХ и Црна Гора, во Скопје е и заменикот командант на копнените сили на САД во Европа. Од петте земји членки на јадранската повелба надвор од НАТО остануваат само Македонија и БиХ.