Македонија
25. March 2016 - 8:30

Иванов ќе прими акредитиви од амбасадорите на Судан, Виетнам и Индонезија

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Република Судан, на Социјалистичка Република Виетнам и на Република Индонезија во Република Македонија.

Новонаименуван амбасадор на Република Судан е Илхам Ибрахим Мохамед Ахмед, на Социјалистичка Република Виетнам е Нгујен Ти Хонг Оан и  на Република Индонезија е Сри Астари Расџид. Сите амбасадори се со седиште во Софија.