Македонија
30. September 2015 - 8:13

Иванов ќе прими акредитиви од амбасадорите на Лаос, Куба и Венецуела

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Народна Демократска Република Лаос, на Република Куба и на Боливарска Република Венецуела.

Новоименуван амбасадор на Народна Демократска Република Лаос за Република Македонија, со седиште во Виена е Поукао Помавонгса, на Република Куба, со седиште во Софија е Педро Пабло Сан Хорге Родригез и на Боливарската Република Венецуела со седиште во Софија новоименуван амбасадор е Ориета Капони.