Македонија
29. July 2016 - 8:45

Иванов ќе прими акредитиви на амбасадорите на Емирати и Бангладеш

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Вила Билјана во Охрид ќе ги прими акредитивните писма на новоименуваните амбасадори на Обединетите Арапски Емирати и на Народна Република Бангладеш за Република Македонија.

Акредитивите на Иванов ќе му ги предаде новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Обединетите Арапски Емирати за Република Македонија, со седиште во Рим, Сагер Насер Алраиси.

Нов вонреден и ополномоштен амбасадор на Бангладеш во Македонија, со седиште во Мадрид, е Хасан Махмуд Кандкер, кој денеска во Охрид ќе му ги предаде акредитивите на македонскиот претседател.