Македонија
22. December 2016 - 9:12

Иванов ќе ги прими акредитивите од амбасадорите на Иран, Јапонија, Мароко и Буркина Фасо

Претседателот Ѓорге Иванов ќе ги прими акредитивните писма од новоименуваните амбасадори на Исламската Република Иран, Јапонија, Кралството Мароко и Буркина Фасо за Република Македонија.

Акредитивите на претседателот Иванов ќе му ги предадат новоименуваните вонредни и ополномоштени амбасадори на Исламската Република Иран Хоссеин Карими, на Јапонија Кијоши Коинума, на Кралството Мароко Закиа Ел Мидауи и на Буркина Фасо Амаду Дицко.