Иванов: Делото на Свети Климент треба да биде наш пат, водилка и вечна инспирација за добри дела
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка по повод празникот св. Климент Охридски.
-Овој празник е посветен на првиот македонски архиепископ и најдаровитиот ученик на сесловенските браќа светите Кирил и Методиј, Св. Климент Охридски. Климент Охридски со своите благо угодни зборови го упати народот во верата, а со своите дела се издигна кон божествениот и блажен живот, стои во честитката.
Во неа се додава дека ликот и делото на св. Климент Охридски се силно врежани во македонската историја. – Неговото дело и мисија, наведува претседателот во честитката, се должни за почит, но и поука за сите идни генерации дека чувањето на културната и јазична посебност е исконска должност.
Чествувањето на вакви големи празници, се истакнува во честитката, е темелна премиса за јакнење на духовноста и почитување на христијанските вредности.
-Неговото црковно и просветно дело треба да биде наш пат, водилка и вечна инспирација за добри дела, вели претседателот Иванов во честитката по повод 8 Декември
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација