Македонија
16. November 2015 - 14:09

Ивана и Магдалена ќе настапат 9. на детскиот Евросонг во Софија

По извлекувањето на редните броеви за редоследот на настап на претставниците на детскиот Евросонг, на македонските претставнички Ивона и Магдалена им припадна деветката за настап в сабота, во Софија. 

Со Ивана и Магдалена ќе настапат и танчерките од балетското студио „Аква“, Ивона, Елена и Бисера.

Спојот помеѓу овие пет девојчиња, како што велат организаторите, е одличен, се надополнуваат една со друга и создаваат забавна зона во која уживаат сите кои го проследуваат настапот. 

Пред нашите претставнички ќе настапи Русија, а на 10-то место е Белорусија. Фестивалот ќе биде отворен од страна на претставниците на Србија во 20 часот, додека, пак, Црна Гора ќе го затвори детскиот Евросонг, за потоа да се одржи и гласањето.

Досега најголемо достигнување за Македонија на детската евровизија беше петто место.