Македонија
25. August 2020 - 16:03

ИутеКредит Македонија издаде 10.000 Мастеркард картички

Една година по лансирањето на ИутеКредит Мастеркард, компанијата бележи издавање на 10.000 картички на своите корисници.

Финансиското друштво ИутеКредит Македонија е првата небанкарска институција во Македонија и регионот која започна со издавање на кредитни картички од брендот Mastercard. Овој проект кој овоможува поголема безбедност, брзина и комфор при користење на услугите на ИутеКредит се покажа повеќе од успешен, а за тоа говори и бројката на издадени картички, односно 10.000 картички за нешто помалку од една година.

ИутеКредит Мастеркард е препознатлива по својот оригинален вертикален дизајн, а нејзин најголемa придобивка е фактот што овозможува корисниците да имаат пристап до својот кредит 24/7 каде и да се. Со ИутеКредит Мастеркард може да се купува онлајн, да се подигнат средства од било кој банкомат во земјава и странство, да се плаќа во продажни места кои овозможуваат плаќање со Мастеркард, како и да се плаќаат сметки и останати режиски трошоци.

Корисниците на картичката во време на пандемијата со Ковид 19 се апсолутно безбедни и не мора да го напуштат домот за да стигнат до својата Мастеркард картичка, бидејќи ИутеКредит организираше бесплатна достава за новите корисници каде и да се. Ова е особено важно за повозрасните лица, пензионерите и хронично болните, но и за секој кој сака своите финансии да ги регулира онлајн.

Сите нови и постоечки клиенти можат да аплицираат за Mastercard картичка од ИутеКредит со секоја нова направена апликација за потрошувачки кредит која може да биде онлајн на www.iutecredit.mk, во експозитурите на ИутеКредит во поголемите градови во Македонија или телефонски на 13 333.