Џет-Сет
24. April 2018 - 17:04

Итно пренесена во болница: Познатата пејачка за малку да остане без око!

„Пинковата ѕвезда“ и учесничка во реалното шоу „Фарма“, Маја Милошевиќ пред некоја вечер завршила во болница.

Таа пеела на некоја прослава за полнолетсво во Смедеревска Паланка, а во еден момент еден гостин фрлил чаша и ја разбил, а од стаклото летнало во окото на пејачката.

Маја ја потврди оваа информација.

– Малку фалеше да останам без око. Прво дојде Брза помош, а потоа ме пренесоа во болница. За среќа, сега е се во ред. По укажаната медицинска помош, окото ми е добро, изјави пејачката.