Итната медицинска помош на новогодишните празници ќе работи 24 часа
Службата за Итна медицинска помош (ИПМ) со домашно лекување во состав на ЈЗУ”Здравствен дом на Скопје”-Скопје за време на новогодишните празници ќе работи 24 часа.
На новогодишната ноќ Итната медицинска помош ќе располага со 10 медицински тима и осум дежурни ординации за здравствена заштита во трета смена, недела и празници во Поликлиниките Јане Сандански,Чаир,Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево,Идадија и Бит Пазар.
Со секојдневното работно време ќе функционира и Единицата за домашна посета.
Поради претстојните прослави на новогодишните празници, Службата за Итна медицинска помош препорачува: редовно земање на терапија кај хроничните болни, да се внимава со внес на храна кај оние лица кои се придржувале на божиќниот пост, умерено користење на алкохолни пијалоци како би се избегнале несаканите последици-алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, посебно се апелира до младата и малолетна популација за некористење на алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот,како и воздржување од користење на разни пиротехнички средства и огнострелно оружје заради избегнување на несакани повреди, изгореници и други потешки последици.
Ново на Сител
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити
-
Петмина тинејџери обвинети за тероризам по прободувањето со нож во црквата во Сиднеј
-
ИДФ за снимката на заложникот објавена од Хамас: Ова е итен повик за акција
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата