Македонија
31. December 2019 - 16:39

Итната медицинска помош ќе работи 24 часа, лекарите предупредуваат на внимателност

Новогодишната ноќ ќе биде работна за скопската Брза Помош. Освен во пунктовите, три медицински екипи ќе бидат на плоштад каде за вечерашната забава е задолжена балканската звезда Дино Мерлин. Бидејќи органзиаторите очекуваат голем број на гости не само од земјата туку и од регионот, медицинското обезбедување во центарот на градот ќе биде засилено. Ноќта но и првиот ден од новата година за сите граѓани кои ќе имаат потреба од лекарска услуга ќе работат дежурните служби.

Во сите седум поликлиники ќе работат дежурните служби а во текот на вечерта бројот на екипи ќе биде засилен, вели Милица Бубало, раководител на Скопската Брза помош.

За најлудата ноќ лекарите со препораки до граѓаните да внимаваат со пиењето на алкохол но и користењето на пиротехнички средства.

-Да внимаваат со пиењето за да не дојде до алкохолни труења особено кај младата популација. Алкохолот е причина и за сообраќајни несреќи како и тепачки. Да вниамваат и со пиротехника бидејќи не само себеси, можат да ги повредат и другите. Хронично болните редовно да ја земаат пропишаната терапија, вели Бубало.

Колку граѓаните ќе ги почитуваат препораките ќе покажат утрешните билтени од Токсикологија и ургентните центри.