Loading Video...
Тенис
25. October 2018 - 19:37

ИТФ Истанбул: Ѓорческа утре се бори за финале

 

Одличен настап  на нашата најдобра тенисерка  Лина Ѓорческа на ИТФ турнирот во  Истанбул каде избори настап во полуфиналето.

                Ѓорческа за противник денеска во четвртфиналето ја имаше  Дарија Кружкова од Русија и успеа да ја совлада во два сета со 6-3 и 6-2.

                Нејзин противник во полуфиналето ќе биде Романката Ралука Шербан која 264 според рејтингот на ВТА листата. Шербан денеска беше подобра од хрватската тенисерка Врљиќ Ана совладувајќи ја исто така во два сета.

                Ѓорческа да потсетиме и пред две години играше полуфинале на  турнирот во Истанбул каде беше поразена од Романката Дину.

                Полуфиналните дуели се на програмата утре петок.  Во 12 часот во првото полуфинале ќе играат  Нина Стојановиќ од Србија и Романката Русе , потоа следи мечот на Ѓорческа со Шербан.