Тенис
27. April 2016 - 10:37

ИТФ го брани Надал

Рафаел Надал никогаш не бил позитивен на допинг тест потврди Меѓународната тениска Федерација (ИТФ) откако шпанецот писмено побара изјаснување од нив. 

„ИТФ на овој начин потврдува дека Надал никогаш не паднал на допинг тест во рамките на Тениската антидопинг програма (ТАДП) и дека никогаш не бил суспендиран ни во еден момент поради кршење на антидопинг правилата или било која друга причина во врска со ТАДП“ се наведува во соопштението на ИТФ испратено до агенцијата АП.

Ова е одговорот на писмото во кое Надал бараше објавување на неговиот биолошки пасош откако претходно поднесе тужба до француската министерка за спорт Розелин Башело која изјави дека Шпанецот во 2012 година паузирал 7 месеци најверојатно поради допинг проблеми а не поради наводна повреда.