Loading Video...
Свет
13. April 2018 - 19:15

Итен состанок на СБ на ОН за Сирија

Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи итна седница на барање на Русија. Тема на состанокот е заканата по меѓународниот мир поради евентуалните воздушни напади на САД и сојузниците врз Сирија. Русија, со поддршка од Кина и Боливија побара од генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш да го брифира СБ за новонастанатата ситуација во Сирија. Состанокот ќе биде отворен за јавност.

Британската премиерка Тереза Меј и американскиот претседател Доналд Трамп во синоќешниот телефонски разговор се согласија дека од клучно значење е да се спречи сириската Влада и понатаму да употребува хемиско оружје. Меј и Трамп се согласија да продолжат  да соработуваат за меѓународниoт одговор на хемискиот напад. Двајцата лидери разговараа откако британската Влада и даде „зелено светло“ на премиерката да им се придружи на САД и на Франција во планирањето на воена операција . Владината седница траела два часа, но не прецизира време ниту обем на акцијата. Британската опозиција побара за ова да се гласа во Парламентот. Трамп синоќа имаше состанок со неговиот тим за национална безбедност по повод ситуацијата во Сирија, што заврши без конечна одлука за евентуален воен напад. Според светските медиуми подморниците, бродовите и ракетите се на готовс, се чека само наредбата на Трамп за напад врз Сирија.