Живот
16. August 2016 - 20:26

Италијанскиот ватерполист доби врела шлаканица од лутиот селектор!

Алесандро Кампања е селектор на машката италијанска ватерполо репрезентација која вчера изгуби од САД со 10-7. Со тој резултат завршија на третата позиција и практично ги “избраа“ Грците за свои противници во четврт-финалето на ЛОИ во Рио.

При резултат 5-5, селекторот му одржа лекција на својот играч, а овој се осмели да му реплицира.

Тоа не му беше најпаметен потег – Кампања со цврстата рака му удри шлаканица.

Секој на свој начин одржува дисциплина, а ова беше обидот на Кампања.