Македонија
12. јуни 2019 - 9:21

Италијанскиот обвинител за гонење на мафија и тероризам во посета на земјава

Делегација на Република Италија предводена од Федерико Кафиеро Де Рахо, национален јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам и Франко Габриели, директор на италијанската полиција – генерален директор за јавна безбедност денеска се во работна посета на Република Северна Македонија.

Италијанската делегација ќе учествува на конференцијата „Заедничка соработка и правна помош во борбата против транснационалниот организиран криминал“ што ќе се одржи во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љубомир Јовески и националниот јавен обвинител за гонење на мафија и на тероризам Федерико Кафиеро Де Рахо ќе потпишат Меморандум за разбирање за заедничка соработка на двете институции.