Македонија
15. јуни 2019 - 11:18

Италијански мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Маврово

Вчера околу 18.20 часот на регионалниот пат Маврови Анови- с.Мавровска брана, мотоцикл „БМВ“, управуван од М.Т.(56) од Италија, паднал на коловозот.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот М.Т., и му била укажана лекарска помош во болницата во Гостивар.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Гостивар.