Бизнис
9. September 2015 - 18:27

Италијански „Диатек“ почна со работа во новата фабрика во ТИРЗ Бунарџик, инвестиција вредна 10 милиони евра

Макдиа е името на седмата фабрика која прораобти во технолошката зона Скопје и втора на италијански инвеститори. Компанијата Диатек, глобален играч во дигиталната печатарска индустрија, од Македонија ќе извезува во Источна Европа, Турција, Северна Африка и Персискиот залив. За премиерот Груевски, фабриката е уште еден показател дека се исплатат напорите за привлекување инвеститори.

Инвестицијата вреди 10 милиони евра. Во неа веќе работат 35 луѓе, а во финалната фаза ќе се вработат над 200. Изборот за инвестирање во Македонија паднал во конкуренција со Германија и Србија.

Во капацитетот има три линиии на кои ќе произведува хартија за намена во текстилот, за амбалажа на храна и други производи.

Ова е една од инвестициите во кои директна поддршка дала дијаспората, вели директорот на зоните, Виктор Мизо.

Италијанскиот гигант покрај Македонија, свои погони има во Италија, Германнија, Франција, Швајцарија и САД.