Балкан
10. October 2017 - 14:17

Италијанската полиција заплени повеќе од 1,5 тони марихуана прошверцувана од Албанија

Италијанската полиција утрово заплени големо количество марихуана прошверцувана од Албанија.

Според албанските медиуми, кои се повикуваат на италијанската полиција, во приморскиот град Бриндизи запленети се 1.537 килограми марихуана.

Дрогата со моторен чамец била транспортирана од Албанија, по што  била натоварена во камион каде ја открила полицијата. Во акцијата уапсен се еден албански и еден италијански државјанин.

Ова е последователна успешна акција на италијанската полиција во спречувањето шврц на марихуана од Албанија. Во изминатиот период од годинава запленети се  повеќе од 20 тони марихуана од Албанија.