Италијанската полиција заплени 550 килограми марихуана од Албанија
Италијанската полиција во близина на пристанишниот град Бридизи заплени 550 килограми марихуана произведена во Албанија.
Дрогата била транспортирана со моторен чамец, во кој биле две лица - италијански и албански државјанин, на 33 и 29 годишна возраст, кои се уапсени.
Според италијанската полиција вредноста на марихуаната на нарко пазарот се проценува на околу пет милиони евра.
Само пред два дена во водите на Јадранско Море, кај Отрантски Проток италијанската поморска патрола заплени 700 килограми марихуана и уапси двајца албански државјани.
Во изминатиот период од годинава само во регионот на Пулија запленети се 14 тони марихуана прошверцувани од Албанија, 14 моторни чамци, а уапсени се 35 лица.
Инаку, за осум месеци албанската, италијанската и грчката полиција имаат запленето повеќе од 40 тони марихуана произведена во Албанија. Поголемата количина од запленетата дрога е од италијанската полиција.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња