Свет
20. February 2017 - 15:13

Италијанската полиција разби мрежа за снабдување на фалсификувани документи за мигранти

Италијанската полиција соопшти денеска дека разбила криминална мрежа за продавање на фалсификувани документи на илјадници мигранти со што тие добивале право за престој во Италија, како и пристап во сите земји на Европската унија, јави ДПА. 

Италијанската полиција го уапсила водачот на групата, 55-годишниот сметководител од Милано, како и десет лица од Египет, Италија, Мароко, Пакистан и Тунис, кои меѓу 2007 и 2016 година основале 828 фантомски фирми, преку кои биле најмувани, според истражителите, од „огромен број“ на граѓани од земјите надвор од ЕУ. 

„Клиентите“ плаќале меѓу 300 и 3.000 евра за фалсификуваните документи. 

Истражителите досега извршиле претрес во 35 од фантомиските фирми, кои обезбедиле  виртуелни работни места на 1536 лица и на тој начин на групата и заработиле околу три милиони евра меѓу 2012 и 2016 година.

Се води истрага за уште 160 осомничени, вклучително и 116 „клиенти“.