Свет
5. November 2018 - 22:56

Италијанската полиција го уапси мажот кој држеше заложници

Полицијата го уапси Франческо Амато, кој денеска држеше заложници во пошта во италијанскиот град Пјеве Модолени.

Амато пред излегување ослободи уште двајца од четворицата заложници, а засега не е познато дали сам се предал или полицијата влегла во поштата.

Амато прво зеде 12 заложници и се закани дека ќе ги убие доколку не му биде овозможена средба со министрите за внатрешни работи и одбрана Матео Салвини и Елизабета Трента. Италијанските медиуми јавија дека подоцна Амато ослободил седуммина клиенти и еден вработен во поштата.

Амато минатата недела билосуден на 19 години затвор поради вмешеност во организиран криминал. Тој е еден од 125 обвинети, кој е осуден минатата недела поради учество во мафијашката група Ндрангета.