Свет
10. јуни 2016 - 8:40

Италијанската крајбрежна стража спасила 2.000 мигранти

Италијанската крајбрежна стража во најновата серија спасувачки операции во Медитеранот, во близина на либискиот брег, спасила околу 2.000 мигранти, јави Танјуг. 

- Крајбрежната стража координирала 15 спасувачки операции. Во нив се спасени околу 2.000 мигранти и тие сега се наоѓаат на безбедно, се наведува во соопштението на италијанската крајбрежна стража.

Агенцијата на ОН за бегалци проценува дека од почетокот на годината во Италија пристигнале повеќе од 48.000 мигранти во потрага за подобар живот во Европа.