Свет
13. May 2016 - 8:41

Италијанската крајбрежна стража спаси околу 900 мигранти, претежно Сиријци

Италијанската крајбрежна стража вчера од два брода покрај бреговите на Сицилија, спаси околу 900 мигранти, претежно Сиријци. На бродовите имало и ирачки државјани. 

Врховниот комесаријат на Обединетите нации за бегалци соопшти дека овој случај претставува најголем обид за масовна миграција од Сирија и Ирак кон Италија од почетокот на годината. 

Портпаролот на италијанската крајбрежна стража изјави дека од едниот брод се спасени 515 лица, а од другиот 380. 

Засега не е прецизиран точниот број на националноста на мигрантите. 

Портпаролката на Комесаријатот на ОН изјави дека Сиријците и Ирачаните најверојатно испловиле од Египет, а не од Либија, традиционална точка на заминување на повеќето мигранти, кои се упатила кон Италија.

Комесаријатот посочи дека во април во Италија пристигнале повеќе мигранти, отколку во Грција, 9.149 наспротив 3.650, нешто што е забележано прв пат од мај 2015 година.