Свет
12. September 2016 - 11:16

Италијанската крајбрежна стража од петокот спасила 3.400 мигранти

Околу 1.100 мигранти се спасени вчера од брегот на Либија, со што бројот на спасени мигранти за овој викенд порасна на 3.400, соопшти италијнската крајбрежна стража. 

Мигрантите кои се спасени во неделата, тргнале од Либија на осум преоптоварени гумени чамци и два рибарски бротчиња, јави Танјуг. 

Мигрантите ги преземале припадниците на италијанската крајбрежна стража, британски и ирски воени бродови и уште неколку бродови на хуманитарни невладини организации, соопшти крајбрежната стража. 

Организацијата „Аквариус“ која ја ангажираа СОС на Медитеранот и Лекари без граници, соопшти дека усепале да спасат 252 лица меѓу кои и жени и деца. 

Во саботата се спасени 2.300 лица кои на патот кон Италија ги презеле 18 мали бродови. 

Според информациите на италијанското Министерство за внатрешни работи, околу 124.500 мигранти пристигнале во Италија од почетокот на 2016 година, што е за околу 4.000 мигранти повеќе од вкупниот број на мигранти кои во текот на минатата година стигнале во Италија.