Loading Video...
Спорт плус
24. February 2019 - 14:57

Италијанката, Бриџоне победи во алпска комбинација

 
 
Италијанската скијачка Федерика Бриџоне е победничка на трката во комбинација во Светскиот куп во алпско скијање, одржана во Кранс Монтана, Швајцарија. 
 
Италијанката, ја сочува предноста остварена во велеслаломската трика па осмиот резултат во слалом и беше доволен на крајот со вкупно време 2:15,20 минути да стигне до највисокото место на пиедесталот. 
 
Зад неа завршија, Канаѓанката, Рони Ремие која имаше 38.стотинки послабо вкупно време, односно Швајцарката, Венди Холденер која заостана 1.секунд и 4 стотинки. 
 
Водечката во севкупниот Генерален пласман, Американката, Михаела Шифрин не настапи на денешната трка