Свет
27. August 2016 - 17:59

Италијанците собраа шест милиони евра помош преку СМС пораки за настраданите во земјотресот

Италијанската служба за цивилна заштита собра над шест милиони евра од донации преку СМС пораки за настраданите од катастрофалниот земјотрес, кој пред три дена го погоди централниот дел на земјата.

Бројот за донации беше објавен на 24 август, на денот на земјотресот, во кој загинаа најмалку 290 луѓе, а стотици домови се разурнати во неколку области во централниот дел на Италија.

Службата за цивилна заштита соопшти дека нема да се прифаќаат донации во вид на прехранбени производи.

Освен државните органи, со собирање на средства за настраданите се занимаваат и невладините организации, како и медиумите.