Италија затвора повторно цели сектори поради епидемијата
Италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша нов пакет рестриктивни мерки во борбата против новиот коронавирус, вклучително и задолжително затворање на барови и ресторани по 18.00 часот, јави ДПА.
Уредбата на Конте предвидува и затворање на киносали, театри, спортски сали, базени, скијачки центри, сали за концерти, трговски саеми и конференции, според копијата на документот во која имаа увид од германската новинска агенција.
Со неа се обврзува најмалку 75 отсто од учениците да се префрлат на учење на далечина, а исто така „силно им препорачува на граѓаните“ да не примаат гости во своите домови и да откажуваат помали патувања.
Новите ограничувања стапуваат на сила од понеделник до 24 ноември.
Баровите и рестораните ќе испорачуваат нарачки во домови само по 18.00 часот. Музеите ќе останат отворени, но со ограничен број посетители. Владата се обидува да запре втор бран на инфекција со коронавирусот. Вчера беа пријавени се 19.644 случаи, а 151 починале – најмногу во изминатите пет месеци.
Ново на Сител
-
Француз почина откако се препил вода
-
Повеќето земји во Европа воведуваат или го продолжуваат затворањето
-
Лесна победа на Еурофарм Пелистер над Татран Прешов
-
Пораст на бројот на заразени од коронавирус во регионот, најтешка состојбата во Унгарија
-
Италија ги заостри мерките во пет од дваесет региони
-
Зоран Заев единствен кандидат за нов претседател на СДСМ на внатрепартиските избори на 21 март
-
СДСМ: Заев е кандидат за нов претседател на СДСМ, над 80.000 членови ќе можат да гласаат на првите внатрепартиски избори
-
Побаран притвор за две лица кои фрлаа предмети и камења кон полицајците на протестот за „Монструм“