Италија затвора повторно цели сектори поради епидемијата
Италијанскиот премиер Џузепе Конте потпиша нов пакет рестриктивни мерки во борбата против новиот коронавирус, вклучително и задолжително затворање на барови и ресторани по 18.00 часот, јави ДПА.
Уредбата на Конте предвидува и затворање на киносали, театри, спортски сали, базени, скијачки центри, сали за концерти, трговски саеми и конференции, според копијата на документот во која имаа увид од германската новинска агенција.
Со неа се обврзува најмалку 75 отсто од учениците да се префрлат на учење на далечина, а исто така „силно им препорачува на граѓаните“ да не примаат гости во своите домови и да откажуваат помали патувања.
Новите ограничувања стапуваат на сила од понеделник до 24 ноември.
Баровите и рестораните ќе испорачуваат нарачки во домови само по 18.00 часот. Музеите ќе останат отворени, но со ограничен број посетители. Владата се обидува да запре втор бран на инфекција со коронавирусот. Вчера беа пријавени се 19.644 случаи, а 151 починале – најмногу во изминатите пет месеци.
Ново на Сител
-
Владата го одобри предлог законот за прогласување на дел од Шар Планина за Национален парк
-
Левица: Незастарување на кривичните дела на јавните функционери – единствен излез од правната криза
-
Симовски: Пристапот преку VPN апликација се регистрира и се чува како доказ за упаѓање во системот
-
Владата го усвои здравствениот протокол за спроведување на Пописот
-
Во Словенија зголемен број лажни ПЦР-тестови на границата
-
Кисела Вoда најави дека улиците ќе ги чисти во 2001 година
-
ОЈО побара притвор за тројца учесници во протестите за пресудата во „Монструм“
-
ДЗС: Досега евидентирани 11.149 лица преку апликацијата за самопопишување