Италија забрани влез од Србија, Косово и од Црна Гора
Италија го забрани влез на своја територија од Србија, Косово и од Црна Гора, откако ги додаде овие земји на списокот држави кои се ризично во епидемилошка смисла.
„Потпишав наредба да ги додадам Србија, Црна Гора и Косово на списокот на ризични земји. Забранет е влез и транзит за оние кои останале на тие територии во последните 14 дена“, објави италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца на Фејсбук.
Со таа длуката ќе се блокира воздушниот, железничкиот и другиот сообраќај што ја поврзува Италија со споменатите територии, појаснува агенцијата Анса.
Сперанца изјави дека светот се соочува со „најтешката фаза“ на пандемијата и дека е потребна максимална претпазливост.
Италија претходно забрани пристигнувања од 13 земји, вклучувајќи ги БиХ и Северна Македонија.
Ново на Сител
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива