Фудбал
17. јуни 2021 - 8:40

Италија со триумф над Швајцарија обезбеди осминафинале на ЕУРО2020

Италија е првиот осминафиналист на ЕУРО2020, откако „Азурите“ триумфираа вечерва над Швајцарија во Рим со 3:0 (1:0) и со шест бодови се првопласирани во групата А по воведните две кола.

Двоен стрелец во италијанските редови беше Мануел Локатели (26. минута и 52. ), а победата ја завери Чиро Имобиле во 89. минута.

За Италија ова беше 29-ти натпревар без пораз и воедно десетта победа во низа.

Во последното трето коло во групата А, Италија на 20 јуни во Рим е домаќин на Велс, додека истиот ден Швајцарија и Турција ќе играат во Баку.

Табела А-група: Италија 6 бода, Велс 4, Швајцарија 1, Турција 0.