Свет
9. March 2021 - 11:30

Италија прва во ЕУ ќе ја произведува руската вакцина „Спутник В“

– Италијанско-руската стопанска комора соопшти дека Рускиот фонд за директни инвестиции потпишал договор со швајцарската фармацевтска компанија „Адиен Фарма & Биотек“ за заедничко производство на вакцината Спутник В во Италија.

Стопанската комора најави дека таквиот потек отвора пат за создавање на првиот производствен погон за Спутник В во Европа, чие производство е планирано да почне во јуни.

Според договорот, очекувањата се дека во Италија до крајот на годинава би можело да се произведат околу 10 милиони дози на вакцината Спутник В.