Италија: Поплави, силен ветер на север и пожари на југ
Централниот и северниот дел на Италија ги зафати невреме со силен ветер, обилни врнежи и молњи, а реките и потоците надојдоа преку ноќ се излеаја од коритата и поплавија патишта, куќи и подруми.
Во туристичкиот камп „Маша Марина“, на брегот на Тиренското Море, ветерот собори дрво високо четири метри кое падна на шатор во кој било петчленото семејство. Тригодишно девојче починало на самото место, а две постари ќерки се повредени. Според некои медиуми, починало и 14-годишно девојче.
Во Милано, силен ветер однесе кров на зграда за стари лица, нивото на водата на локалните реки е под постојана контрола поради опасност од излевање, а во северната провинција Венето се бара еден млад човек кој исчезнал откако се излеала локална река.
Во Верона и околината, според изјавата на конзорциумот на земјоделски производители „Колдироти“, обилните дождови со ветрот „предизвикале непроценлива штета на земјоделството“.
И додека северот на Италија е погоден од силни ветрови, дожд и надојдени реки, на Сицилија горат пожари. од вчера голи голем дел шума. Поради високите температури и силниот јужен ветер, пламенот се прошири на површина од околу илјада хектари.
На Сицилија летните пожари се честа појава и во повеќето случаи се подметнати, бидејќи откако пожарот ќе ги уништи шумите, се шпекулира со земјиште што се претвора во плантажи или за изградба на туристички одморалишта.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор