Свет
11. December 2016 - 16:31

Италија: Паоло Џентилони доби мандат да ја формира новата Влада

Претседателот на Италија Серџо Матарела му довери на 62-годишниот министер за надворешни работи Паоло Џентилони да ја формира новата Влада на земјата, пренесува ТАСС.

Претходниот премиер Матео Ренци поднесе оставка на 7 декември по поразот на референдумот за уставни реформи.

Џентилони е министер за надворешни работи од 1 ноември 2014 година и е од редовите на владејачката Демократска партија.

Се очекува гласањето за доверба на новата Влада во парламентот да се одржи до среда.