Свет
23. August 2020 - 12:46

Италија нема повторно да се затвора и покрај растот на нови случаи со Ковид-19

Италијанската Влада не размислува за повторно затворање на земјата за да го спречи ширењето на  коронавирусот, изјави министерот за здравство Роберто Сперанѕа, и покрај постојаниот фактот дека изминатиот месец е забележен раст на нови случаи.

Италија, една од најтешко погодените земји во Европа со над 35.000 смртни случаи, вчера соопшти за 1.071 нови случаи, првпат надминувајќи 1.000 случаи на ден, откако владата во мај ги олесни мерките за заштита.

-Нема да имаме ново затворање, рече Сперанѕа за весникот „Ла Стампа“, објаснувајќи дека сегашната состојба не може да се спореди со таа од февруари и март, кога болеста се ширеше вон контрола и беше тешко да се следат и изолираат заразените лица.

„Јас сум оптимист, иако внимателен. Нашата национална здравствена служба стана многу посилна“, рече Сперанѕа, додавајќи дека Италија во меѓувреме двојно го зголеми бројот на кревети во единиците за интензивна нега.