Македонија
21. October 2019 - 17:11

Италија ќе го враќа датумот за преговори на маса во ноември во Рим

Европските партнери се обидуваат да ја снираат штетата од блокадата во Брисел. Италија  најави дека во ноември на советот за општи работи ке се реактивира прашањето за  старт на преговорите за Македонија и Албанија. Во Рим е поканет и премиерот Заев. Се очекува во наредните месеци францускиот престедател Макрон да ги посети двете земји, но точниот датум на посетата се уште не е одреден.  Од Берлин пак порачуваат дека патот кон ЕУ останува отворен за Скопје и Тирана . Од владеачката коалиција  ги повикаа кандидатките да продолжат со реформите и да ги разубедат скепетиците  дека нивното место е во Унијата. 

И германскиот министер за економија Петер Алмајер кој деновиве ке го посети регионот  во интервју за БИЛД посочи дека во интерес на Унијата е да ги почне преговорите што е можно побрзо.

Функционерите на ЕУ со жалење ја коментираат одлуката на  Унијата. Направивме историска грешка, напиша на социјалните мрежи шефицата на европската дипломатија Могерини.  .

Во меѓувреме организацијата Европска иницијатива за стабилност објави  нова иницијатива - балканска економска унија без загарантиран влез на нејзините членки во Европската унија, а  сето тоа спакувано во  името  – „Балканска Норвешка. Директорот на иницијативата Гералд Кнаус објаснува дека предлогот  би наликувал на  „Мал Шенген“ – заеднички пазар во кој  Македонија, Албанија, Босна, Србија, Црна Гора и Косово би биле членки во „Економската зона на Југоисточна Европа“.

Односот пак со  Европската унија  би бил по теркот на Норвешка – без членство, но со пристап до пазарот.

Паралелно со овие реакции, Македонија добива похрабрувања од седиштето на НАТО, за нејзината атлантска интеграција. Генералниот секретар Столтенберг на твитер објави дека има л телефонски разговор со  премиерот Зоран Заев. . Процесот на ратификација е во тек и со нетрпение очекуваме Северна Македонија наскоро да и се приклучи на нашата Алијанса,  напиша првиот човек на НАТО .