Loading Video...
Спорт плус
12. September 2022 - 10:38

Италија ја прекина доминацијата на Полска и ја освои светската шампионска титула

Италија е нов Светски шампион во одбојка. 
 
Во финалето на Мундијалот чија завршница се игра во Катовице, Италијанците го победија домаќинот Полска со 3-1. 
 
Со тоа Азурите ја прекинаа доминацијата на полските одбојкари кои го освојуваа шампионскиот трофеј на последните две светски првенства. 
 
 За Италија ова е вкупно петтиот медал, на Мундијалите, а четврти златен и тоа по пауза од 24 години, откако на три последователни првенства Азурите ја освојуваа шампионската титула (1990, 1994 и 1998 година).
 
Воедно Италија и Бразил останаа двете земји кои успеале да освојат три титули во низа. 
 
Инаку, Кариоките, овој шампионат го завршија како трето пласирани откако во дуелот за бронзениот медал ја победија Словенија со 3-1