Фудбал
15. May 2018 - 10:25

Италија има нов селектор

Италија доби нов селектор и тоа довчерашниот тренер на Зенит, Роберто Манчини кој доаѓа на местото на Вентура кој замина од кормилото по фијаското на „Аѕурите“ кои не успеа да се пласираат на Мундијалот во Русија што е прв неуспех во последните 6 децении.
Maнчини за првпат ќе извршува селекторска функција откако претходно ги тренираше Зенит,Лацио, Интер, Манчестер Сити....
Првиот меч под негово водство Италија ќе го одигра на 28. Мај против С.Арабија.