Loading Video...
Македонија
19. March 2020 - 16:33

Италија и натаму најпогодена европска земја- како е да се живее денес во најризичното подрачје?

Италија и денеска го држи врвот на црниот биланс на коронавирусот. Заедно со 60 милиони Италијани, во карантин е и македонскиот студент Андреј Тасевски. Епидемијата го затекнала во Тревизо. Тој за Сител раскажува како изгледа да се биде во центарот на епидемијата во Европа.

Андреј вели дека продавниците се добро снабдени а луѓето мирно чекаат во ред за да ги купат потребните намирници. 

Свесен е дека земјата во која што се наоѓа е во тешка состојба. Вели, болниците немаат ниту еден слободен кревет. На македонските граѓани им препорачува да ги почитуваат мерките, а на Владата да биде колку што е можно порестриктивна.

Италија во моментов е најпогодена земја од корона вирусот во светот. До сега заразени се над 35.000 луѓе а близу 3.000 починаа.