Loading Video...
Фудбал
27. April 2020 - 20:50

Италија и Германија под притисок, ќе има ли фудбал до крајот на јуни?!

Во светот на фудбалот и натаму без придвижување.  Фудбалските работници во најсилните европски лиги упорно најавуваат рестарт на неодиграните сезони,  здравствените работници избегнуваат да дадат гаранции дека фудбал може да се игра. 
Италија, Германија, Англија и Шпанија се земјите кон кои се вперени очите на фудбалските фанови со надеж дека ќе отворат стадионите и ќе заживее магијата за која и од која живеат милиони.  За некои тоа ќе биде знакот дека пандемијата исчезнува но за други е пак ризик на кој мора да се внимава.  Тоа денеска го повтори по којзнае кој пат министерот за спорт на Италија Виченцо Спадафора предупредуваќи дека никој засега не може да гарантира сигурно враќање на фудбалот кон крајот на мај. 
Засега е сигурно дека од следната недела ќе започнат индивидуалните тренинзи, а од 18-ти мај и групните.  Протоколот што го предложи италијанската лига е недоработен и има многу недоследности.  Кога ќе го средиме ќе донесеме одлука дали ќе се игра фудбал- изјави Спадафора. 
Германците треба да започнат на 9-ти мај но на оваа одлука жестоко се спротиставува првиот виролог во оваа земја: Од моја гледна точка сите кои биле во контакт со фудбалерот, негови и противнички играчи, биле во контакт од прв степен и сите ќе мора да одат во карантин. Затоа мислам дека сеуште не е време за вакво нешто“ – додава професорот Уве Либерт. 
Денеска се огласи и ФИФА со предлог доколку се продолжи сезоната во националните лиги или европските натпреварувања екипите да можат да направат пет замени. Со ова би се избегнале тешки повреди поради огромната пауза и краткото време за подготовки сметаат во светската фудбалска федерација.