Свет
29. March 2017 - 21:37

Истрели на Капитол Хил при обид маж да прегази неколку полицајци со автомобил

На Капитол хил во Вашингтон денеска дојде до пукотници кога непознат маж удрил со автомобил во полициско возило, а потоа се обидел да прегази неколку полицајци кои пеш патролирале во областа околу зградата на Владата, соопшти полицијата во Вашингтон.

Осомничениот маж бил веднаш уапсен и ставен во притвор.

Полицијата напомена дека уапсениот маж никого не удрил со автомобилот.