Свет
24. February 2021 - 10:32

Истражување: Во Кина контролата на епидемијата ја намали смртноста од другите болести

Напорите да се воспостави контрола на ширењето на Ковид-19 во Кина, со исклучок на жариштето во Вухан, придонесе да се намали смртноста од другите болести, покажуваат резултатите од најновата студија.

Во студијата заеднички изработена од научниците од Универзитетот Оксфорд и од кинескиот Центар за контрола и превенција на болестите, анализирани се официјалните податоци за смртноста во периодот од 1 јануари до 31 март минатата година.

Во тој период смртноста од последици од Ковид-19 во Вухан изнесува 1.147 луѓе на 100.000 и е за 56 проценти поголема од очекуваното. Но, вон Вухан смртноста изнесува 675 пациенти на 100.000 жители и е попмала од иницијално проектираните 715, што придонесе да се намали и смртноста од другите болести.