Истражување: Создавањето на ѕвездите започнало 250 милиони години по Големата експлозија
Откако открија траги од кислород, јапонски астрономи дојдоа до сознание дека ѕвездите во галаксијата МАКС-1149-ЈД-1 се образувале 250 милиони години по Големата експлозија - доста кус период од вселенска гледна точка.
Овие траги од кислород се најраните откриени во Вселената. Светлината, којашто доаѓа од галаксијата патувала 13,28 милијарди светлосни години пред да дојде до Земјата. Една светлосна година е растојанието, кое светлината го минува за една година - 9,5 трилиони километри.
Во Вселената првично немало елементи како кислород, јаглерод и азот. Се смета дека тие се создадени од хемиските реакции на најстарите ѕвезди и се распрскани во вселенскиот меѓуѕвезден простор при самото експлодирање на ѕвездата. Присуството на кислород покажува дека создавањето на ѕвездите започнало околу 250 милиони години по Големата експлозија, кога Вселената била само два отсто стара во споредба со сега.
- Пред истражувањето, имаше само теоретски предвидувања за образувањето на најстаите ѕвезди. За првпат набљудувавме така рана етапа од тој вселенски процес, изјави астрономот Такуја Хашимото од Универзитетот Осака Санџо.
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.