Истражување: Секое четврто лице во светот можеби нема да добие вакцина против Ковид-19 до 2022 година
– Речиси едно од четири лица може да не примаат вакцина против Ковид-19 барем до 2022 година затоа што богатите земји со помалку од 15 проценти од светската популација имаат резервирано 51 процент од најперспективните дози на вакцини, соопштија истражувачите од Школата за јавно здравје „Џонс Хопкинс“ во САД.
Тоа би значело дека остатокот од вакцината ќе треба да биде „поделен“ од земјите со низок и среден приход, дом на повеќе од 85 проценти од светската популација, велат истражувачите. Според нив, ефективен пандемиски одговор бара земјите со високи примања да учествуваат во правична дистрибуција на вакцините низ светот.
„Несигурноста во врска со глобалниот пристап до вакцините за Ковид-19 се следи не само за време на клиничките испитувања, туку и поради неуспехот на владите и производителите на вакцини да бидат потранспарентни и одговорни во однос на овие аранжмани“, сметаат истражувачите.
Студијата исто така наведува дека заклучно со 15 ноември, земјите со високи приходи нарачале скоро 7,5 милијарди дози вакцини од 13 производители, вклучувајќи ги Јапонија, Австралија и Канада, кои заедно имаат повеќе од милијарда дози, но сочинуваат помалку од 1 процент тековни нови случаи на коронавирус.
Дури и ако вакцините од водечките производители го достигнат предвидениот максимален капацитет за производство, скоро 25 отсто од светската популација може да не прими вакцина уште една година или повеќе. Истражувачите на Џонс Хопкинс, исто така, сметаат дека Ковакс, како институција на Светската здравствена организација-СЗО, може да има клучна улога во обезбедување поправеден пристап до одобрени вакцини, иако обезбеди само 500 милиони дози или далеку под целта за доставување на најмалку 2 милијарди дози до крајот на 2021 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица