Истражување на Пју: Општествата ширум светот веруваат дека медиумите се пристрасни
Луѓето во светот сакаат нивните медиуми да бидат политички непристрасни, но голем дел од јавноста смета дека средствата за масовни комуникации не ја извршуваат таа задача, се вели во анкета на американскиот аналитички центар Пју.
Анкетата е спроведена врз околу 42.000 луѓе во 38 држави во периодот меѓу февруари и март 2017 година.
– И покрај огромните разлики во светот во структурата на водењето, политиката и медиумите, постои широк консензус дека улогата на медиумите е да не заземаат страна за политички прашања туку да известуваат непристрасно со објавување на сите агли, изјави Ејми Мичел, претставник на Пју.
Според анкетата, 75 отсто од анкетираните сметаат дека „никогаш“ не е прифатливо медиум да зазема страна на една или друга политичка партија. Само 62 отсто изразуваат увереност дека медиумите „точно известуваат за настаните“, а само 59 отсто сметаат дека за политиката се известува непристрасно и точно.
Заклучокот е дека само 52 отсто од луѓето се задоволни од начинот на кој медиумите во државата им известуваат за политички теми и го определиле како „непристрасен“ тој начин. Во исто време три четвртини (73 отсто) сметаат дека се задоволни од начинот на кој медиумите известуваат за „важни теми“ посочувајќи дека „тие добро ја вршат својата работа“.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност