Истражување: Луѓето кои се негативни на тестот за коронавирус сè уште може да имаат некој имунитет
Луѓето кои се негативни на тестот за коронавирус сè уште може да имаат некој имунитет, покажува најново истражување направено во Шведска.
На секое лице кое е позитивно на антитела доаѓаат две кои имаат специфични Т-келии кои ги идентификуваат и уништуваат заразените клетки, пренесува Би-Би-Си.
Ова е видено дури и кај луѓе кои имале благи симптоми на Ковид-19 или воопшто немаат никакви симптоми. Сепак, сè уште не е јасно дали станува збор за заштита само за индивидуата или може да ги спречи да го пренесат вирусот на други.
Научниците од Институтот Каролинкс во Шведска тестирале 200 лица и за антитела и за Т-клетки. Некои биле крводарители, додека други биле од групата луѓе кои биле првите случаи во Шведска, претежно оние што се вратиле од области како што е северна Италија.
Ова би можело да значи дека поголема група има одредено ниво на имунитет кон Ковид-19 отколку што покажуваат податоците добиени од тестирањето на антитела.
Антителата служат за неутрализирање на вирусот веднаш штом ќе влезе во телото. Ако не успеат, тој може да влезе во ќелиите и да ги претвори во фабрики за производство на вируси.
Т-клетките, од друга страна, ги напаѓаат веќе заразените клетки и целосно ги уништуваат, спречувајќи ги да се шират во други, поздрави клетки.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација