Истражување: Ковид-19 може да остане скриен во белите дробови на излекуваните
Пациентите кои се излекувале од вирусот Ковид-19 и се отпуштени од болница може да носат честички од коронавирусот длабоко во нивните бели дробови. Според истражување на кинески специјалисти во Хонгконг, во таков случај не може да се открие инфекцијата со вообичаените тестови.
Ова може да даде одговор на прашањето зошто некои оздравени пациенти повторно се заразуваат, објави хонгконшкиот весник „Саут Чајна Морнинг Пост“, во кој се цитираат резултатите од истражувањето.
„Нашата работа е првиот доказ во областа на патологијата за остатоци од вирусот во белите дробови на пациент кој трипати бил тестиран негативно“, велат научниците од тимот предводен од доктор Бјан Сиу од Универзитетот за воена медицина Чунцин.
Тие анализирале 78-годишна пациентка која била хоспитализирана со Ковид-19 и била подложена на третман, по што три последователни тестови откриле дека таа не е носител на коронавирус. Компјутерската томографија покажала значително подобрување на нејзината состојба, но неочекувано следниот ден жената починала од срцев удар.
Потоа, под електронски микроскоп биле откриени честички на коронавирусот во длабоките ткива на нејзините бели дробови. Во црниот дроб, срцето, бубрезите и коскената срцевина не се пронајдени такво ткива.
Кинеските научници, кои ги објавиле резултатите од нивното истражување, откриле дека скриените видови на вирусот во белите дробови не предизвикуваат никакви симптоми.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот