Loading Video...
Свет
2. March 2021 - 19:39

Истражување - И тие што прележале корнавирус може да се заразат со бразилскиот вид П1

Најмалку 6 од 10 лица кои прележале коронавирус се ранливи на бразилскиот вид П1 покажува последното  истражување во Бразил. Антителата обезбедуваат мала заштита од тој вид, заклучиле научниците. Во Бразил таа мутација стана доминатнта за само 8 недели од појавувањето. Во САД според тамошните здравствени експерти овој месец британскиот вид ќе стане доминантен.

Австрија, Данска и Израел заедно ќе развиваат вакцина за идните соеви на корона вирусот најави австрискиот канцелар Курц. Пандемијата ќе биде со нас уште долго време со различни мутации и затоа ќе работиме на наша вакцина рече Курц. 

Воведувањето на ковид пасоши на територијата на ЕУ би било спротивно на принципот на доброволна вакцинација реагира Русија. Ако луѓето сакаат да патуваат во рамките на Унијата тоа значи дека ќе бидат прунудени да се вакцинираат вели министерот за надворшени работи Сергеј Лавров. Пред неколку дена лидерите на ЕУ се согласија за воведување на сертификат за вакцинација. Саудиска Арабија пак објави дека за  овогодинешниот аџилак ќе треба доказ за примена антиковид вакцина.

Сите 279 девојчиња кои беа киднпаирани од училиште во северо - западна Нигерија во петокот се ослободени. Тие се во добра здравствена сосотојба изјавија локалните власти. Причините за масовното киднапирање се уште не се познати. Не е познати ниту кои се киднаперите.