Македонија
4. December 2019 - 14:08

Истражување: 14 проценти од жените биле жртви на физичко или сексуално насилство на возраст над 15 години

Нето-повлекувањето на аукциите е намалено за околу 40 отсто, ако се спореди просекот последниве две години со просекот од 2012-2016 година. Бројот на аукции на државни хартии од вредност е намален од четири на две аукции месечно.

Со издавањето на државните хартии од вредност се финансираат: прво, стари долгови по основ на претходни аукции кои доспеваат за наплата-денес на пример се вратени девет милиони евра и второ – финансирање на дефицитот предвиден со Буџетот за 2019 година, изгласан од Собранието.

Согласно буџетот за 2019 година и одлука на Влада, за финансирање на буџетскиот дефицит од домашни изори, односно преку аукции ќе се повлечат 150 милиони евра. Нето повлекувањето досега изнесува 134 милиони евра и е под тој планиран износ. За споредба во 2012 година нето-повлекувањето изнесувало 446,7 милиони евра.

Истовремено, во однос на претходните години, неколкукратно се намалени каматните стапки на државните хартии од вредност, така што се стеснува долгот кој треба понатаму да се рефинансира.

Како резултат на водење на прудентна политика на јавниот долг последниве две и пол години, јавниот долг е стабилизиран и е на ниво под 2016 година. За разлика од периодот од 2008 до 2016 година, кога јавниот долг скокна од 23% на 48,8%, сега тој изнесува 47,7%.